Во Хрватска повик на бојкот на продавниците поради високите цени

од Milan1
12 прегледи

Во Хрватска, граѓаните преку социјалните мрежи се обидуваат да влијаат на намалувањето на цените, повикувајќи ги сите да ги бојкотираат продавниците, пренесува порталотIndex.hr.

Граѓаните меѓусебно се повикуваат на социјалните мрежи да ги бојкотираат продавниците на 24 јануари и да не купуваат ништо на тој ден, поради високите цени во Хрватска.

„24.1. Во Хрватска има бојкот против високите цени на храната. Се повикуваат луѓето да не купуваат ништо тој ден, но ништо. Осигурете се за тој ден како да е недела. Во Обединетото Кралство истото се случи со горивото, следниот ден цената падна, а исто така ги покачија платите за 100 фунти месечно. “, стои меѓу другото во пораките кои масовно се споделуваат на социјалните мрежи.

Овој повик за бојкот, според Индекс, го споделија и некои популарни тамошни Фејсбук страници.

Во своите објави наведуваат и примери како Италијанците престанале да пијат кафе во кафулињата кога нивните цени се зголемиле по доаѓањето на еврото, а ја критикуваат локалната јавност дека верува дека би пиеле кафе во кафулињата дури и да чини 15 евра.

Оваа објава привлече и бројни коментари. Меѓу коментарите беа и оние кои сметаат дека бојкотот на продавниците треба да трае една недела, и дека еден ден не е доволен.

Слични содржини