Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во вторникот предупреди на ризикот од „глобална трка до дното“ преку употреба на економски алатки како што се санкции, извозни контроли и царини.
Говорејќи на годишниот состанок на Светскиот економски форум ден по инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, Урсула Фон дер Лејен зборуваше за нова ера на жестока геостратешка конкуренција.
„Како што оваа конкуренција се интензивира, веројатно ќе продолжиме да гледаме честа употреба на економски алатки, како што се санкции, извозни контроли и царини, кои имаат за цел да ја заштитат економската и националната безбедност“, рече таа.
Но, таа рече дека иновативноста не смее да се задуши.
„Во овој дух, ќе мора да работиме заедно за да избегнеме глобална трка до дното“, додаде Урсула фон дер Лајен.
„Затоа што не е во ничиј интерес да ги прекине врските во глобалната економија. Наместо тоа, ние мора да ги модернизираме правилата за да ја задржиме нашата способност да создаваме заеднички придобивки за нашите граѓани“.
Трамп во понеделникот рече дека сака да го промени трговскиот дефицит на САД со Европската унија, или преку царини или преку поголем извоз на енергија.