Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се согласува со идејата популарната кинеска социјална мрежа TикТок, која накратко беше забранета во Соединетите Американски Држави, да биде преземена од сопственикот на „Х“, Илон Маск, доколку сака да ја купи од кинеската компанија „ByteDance“, пренесуваат западните медиуми.
Трамп рече дека е отворен за можноста милијардерот Илон Маск да ја купи апликацијата ТикТок, која ја користат 170 милиони луѓе во САД.
Популарната социјална мрежа е во состојба на неизвесност во САД откако Трамп во понеделникот потпиша извршна наредба – ТикТок да продолжи да биде достапна во САД уште 75 дена.
На брифингот со новинарите на кој беше објавено заедничко вложување во инфраструктурата за вештачка интелигенција, новинар го праша Трамп дали е отворен „Елон да го купи ТикТок“.
Аналитичарите проценуваат дека ТикТок вреди околу 50 милијарди долари во САД.