Според кардиохирургот Џереми Лондон, постојат четири клучни работи што треба да ги избегнуваме за да го намалиме ризикот од рак, мозочен удар и други сериозни болести.
Др. Лондон ги сподели своите препораки на TikTok, посочувајќи дека некои од нашите секојдневни навики можат негативно да влијаат на нашето здравје, дури и ако не сме свесни за нивниот ефект.
1. Пушење
„Пушењето е без сомнение најлошото нешто што можете да го направите за вашето тело“, нагласува др. Лондон. Иако е познато дека пушењето предизвикува рак на белите дробови, исто така го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести, срцеви напади и мозочни удари.
„Ги уништува белите дробови, предизвикува рак на белите дробови и значително го зголемува ризикот од срцев и мозочен удар. Не пушете“, предупредува хирургот.
2. Алкохол
Др. Лондон признава дека избегнувањето алкохол е една од најважните одлуки што ги донел за своето здравје.
„Алкохолот е токсичен за секоја клетка во вашето тело. Ваше тело, ваши правила, но за мене отстранувањето на алкохолот од мојот живот беше трансформативно. Сите „кул“ луѓе го прават тоа, треба да го пробате и вие“, вели тој.
Иако мала количина на алкохол не може да предизвика непосредна штета, долгорочното консумирање може да предизвика сериозни здравствени проблеми, вклучувајќи заболување на црниот дроб, зголемен крвен притисок и зголемен ризик од рак.
3. Газирани пијалоци
Трет совет од Др. Лондон се однесува на целосно исфрлање на газираните пијалоци од исхраната. „Газирани пијалаци? Течна смрт. Едноставно немој да ги пиете“.
Слично на тоа, други експерти препорачуваат замена на газираните пијалоци со вода или зелен чај.
Газираните пијалоци се полни со шеќер, што може да доведе до дебелина, дијабетес и проблеми со срцето. Дури и намалувањето на внесувањето на газирани пијалоци може да има долгорочни здравствени придобивки.
4. Леб и тестенини
Последниот совет на кардиохирургот се однесува на избегнување на рафинирано брашно, вклучувајќи леб и тестенини.
„80% од контролата на тежината доаѓа од исхраната, а само 20% од вежбањето. Колку и да вежбате, не можете да ги надоместите лошите навики во исхраната“, објаснува др. Лондон.
Рафинираното брашно често предизвикува ненадејни скокови на шеќерот во крвта, што го зголемува ризикот од дебелина, дијабетес и кардиоваскуларни болести. Наместо тоа, експертите препорачуваат цели зрна, кои содржат повеќе влакна и обезбедуваат подолготрајна енергија.
Др. Лондон советува: „Бидете свесни што внесувате во вашето тело. Малите промени, како што се намалувањето на пушењето, алкохолот, газираните пијалоци и рафинираните јаглехидрати, може да имаат огромно влијание врз вашето здравје“.