Двократниот светски шампион во рели, Карлос Саинц го коментираше развојот на кариерата на неговиот син Карлос Јуниор, кој од оваа сезона е возач на Вилијамс во Формула 1. Шпанецот мораше да го напушти Ферари затоа што решија да го ангажираат Луис Хамилтон Соиграчот на Шарл Леклер.
„Мислам дека со оглед на личните квалитети на Карлос, тој не ја добива заслугата што ја заслужува“, објасни легендата на релито. „Кога Ред Бул реши да се обложи на Макс Верстапен, Карлос остана во сенка, но подоцна се избори за место во Ферари, а тоа никогаш не е лесно да се постигне. Да не заборавиме дека Карлос возеше и за Мекларен. Мое мислење е дека најсилните перформанси на Карлос допрва доаѓаат. Тој веќе го надмина шокот од она што се случи во Ферари и се подготвува за новата сезона“.
Саинц постариот објасни дека се надева дека ќе види повеќе шпански возачи во Формула 1 во блиска иднина, за Карлос и оние кои доаѓаат по него да излезат од сенката на Фернандо Алонсо.