Две сообраќајни несреќи на експресниот пат кај Крива Паланка, додека се вршел увидот за првата, влетал друг автомобил и повредил четворица полициски службеници

од Vladimir Zorba
27 прегледи

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид на лице место на експресниот пат во близина на Крива Паланка, каде вчера едно по друго се случија две сообраќајни несреќи. Додека се вршел увидот за првата сообраќајна несреќа, на обележната локација влетал друг автомобил и повредил четворица полициски службеници.

Како што информираат од ЈОРСМ, најпрво автомобил “фолксваген голф” излетал од патот и се превртел, при што животот го загубил еден од сопатниците во автомобилот, додека неговиот син и возачот се здобиле со телесни повреди. Јавниот обвинител ги презел сите дејствија за обезбедување на доказите и за испитување на причините за несреќата, а за починатиот е издадена наредба за обдукција.

-Но, додека на лице место се преземале дејствијата за увид, на обележаната локација влетал друг автомобил, кој најверојатно според првичните сознанија поради неприлагодена брзина удрил во паркирано возило и телесно повредил четворица полициски службеници кои го вршеле увидот. Во сообраќајната несреќа потешко повредена е и сопатничката во автомобилот, се вели во соопштението од ЈОРСМ.

Јавниот обвинител постапува и презема дејствија за испитување на причините и за оваа несреќа.

Слични содржини