Зошто чаша акохол пред спиење не е добар избор за квалитетен сон?

од Vladimir Zorba
81 прегледи

Некои луѓе пијат алкохол кога сакаат да се релаксираат или кога сакаат да спијат мирно.
Научници истакнуваат дека алкохолот не е толку корисен за добар сон како што се мисли, а некои истражувања дури сугерираат дека една чаша пред спиење е лоша идеја бидејќи го нарушува нашиот сон.

Експерти нагласуваат дека алкохолот не треба да се користи за поттикнување на сон, бидејќи, покрај неговите негативни ефекти врз нашето здравје, може да го попречи и нашиот сон подоцна во текот на ноќта. Тоа влијае на РЕМ фазата, односно пиењето алкохол пред спиење ја одложува првата епизода на РЕМ спиењето (што е важно за меморијата и регулирањето на емоциите) и го губиме квалитетот на сонот.

Последица може да биде почести будења во текот на ноќта. Ваквиот нарушен сон не прави уморни следниот ден, а може да ја оштети и консолидацијата на меморијата, когнитивните функции и начинот на кој ги регулираме емоциите.

Зошто алкохолот влијае на сонот?

Истражувањата покажаа дека алкохолот влијае на различни компоненти на спиењето, особено кај луѓето кои редовно го консумираат.

Алкохолот ги зголемува ефектите на хемискиот гласник во мозокот наречен ГАБА. Ова има седативно дејство, за кое се смета дека придонесува за чувството на поспаност што многу луѓе го доживуваат по неколку пијалоци. Алкохолот, исто така, може да го зголеми нивото на аденозин, супстанца одговорна за поспаност.

Кога телото го метаболизира алкохолот, често има „ефект на враќање“ во кој телото се обидува да ги компензира промените во физиолошките функции и спиењето предизвикани од алкохол. Ова предизвикува лесен и нарушен сон што луѓето го доживуваат во вториот дел од ноќта по консумирање алкохол.

На деноноќниот ритам влијае и 24-часовниот телесен часовник, кој реагира на светлосните сигнали од околината за да го координира нашиот циклус сон-будење.

Еден начин на кој нашиот деноноќен ритам го прави тоа е ослободување на специфични хормони во одредени периоди од денот. Ова е начинот на кој нашето тело ослободува мелатонин кога дневната светлина исчезнува и паѓа темнината за да ни испрати сигнал дека е време за одмор и спиење.

Алкохолот влијае на производството на мелатонин и ја менува температурата на нашето тело. Секое нарушување на мелатонинот во нашето тело доведува до нарушувања на спиењето. Ги релаксира мускулите во дишните патишта, што резултира со ‘рчење. Има и диуретично дејство, па затоа посетите во тоалет се почести во текот на ноќта.

Слични содржини