Анкета покажа дека 85 отсто од жителите на Гренланд не сакаат нивниот арктички остров – полуавтономна данска територија – да стане дел од Соединетите држави, објави данскиот весник „Берлингске“.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави претходно овој месец дека Гренланд е од витално значење за безбедноста на САД и дека Данска треба да се откаже од контролата на стратешки важниот остров.
Данска објави 2,04 милијарди долари за војската на Арктикот
Анкетата спроведена од „Verian“ и нарачана од дански весник покажа дека само 6 отсто од жителите се за да станат дел од САД, додека 9 отсто се неопределени, објави „Берлингске“ во вторникот.
Данска во понеделникот објави дека ќе потроши 14,6 милијарди круни (2,04 милијарди долари) за зајакнување на своето воено присуство на Арктикот.
Гренланд – со копно поголемо од Мексико, дом на 57.000 луѓе – доби широка самоуправна автономија во 2009 година, вклучувајќи го и правото да прогласи независност од Данска преку референдум.
Премиерот на Гренланд: Островот не е на продажба
Премиерот на Гренланд, Муте Егеде повтори дека островот не е на продажба и дека граѓаните треба да одлучат за нивната иднина.
Американската војска има постојано присуство во вселенската база Питуфик во северозападниот дел на Гренланд, стратешка локација за нејзиниот систем за рано предупредување за балистички ракети, имајќи предвид дека најкраткиот пат од Европа до Северна Америка минува над островот.