Мајами го сака Лука Дончиќ

од Vladimir Zorba
70 прегледи

Лука Дончиќ е желба на Мајами Хит, пишуваат медиумите во САД.

Приказната доби на интензитет кога тимот од Флорида дефинитивно реши да се откаже од услугите на Џими Батлер, кој е суспендиран на неодредено време.

Ако бекот си замине, ќе остави 80 милиони долари во буџетот на Хит, што ќе им овозможи да се впуштат во обнова.

Прв избор е Лука Дончиќ. На асот на Далас, еден од најдобрите играчи во НБА, ќе му биде понуден договор кога ќе заврши сезоната 2025/26. Словенечкиот репрезентативец тогаш ќе стане слободен играч.

Не е тајна дека Лука е голема желба на Пет Рајли, еден од најважните луѓе во клубот. Има само еден мал проблем со таа приказна. Далас засега не размислува да се откаже од својата прва ѕвезда.