68
Британскиот возач Луис Хамилтон доживеа несреќа на вториот ден од тестирањето на патеката Каталуња со својот нов Формула 1 болид на Ферари, објави Ројтерс.
Седумкратниот светски шампион, кој го направи првиот тест со својот нов тим на нивната патека Фиорано минатата недела и се уште се прилагодува на новата средина откако го напушти Мерцедес, се спаси неповреден во инцидентот.
Италијанската веб-страница it.motorsport.com објави дека Хамилтон влетал во безбедносните бариери на крајот од кругот, оштетувајќи ја неговата суспензија за време на сесијата, која се одржа зад затворени врати.