Синот на Енцо Ферари, Пјеро Ферари, откри дека седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон долг период имал желба да се приклучи на тимот на „Црните коњи“, но поради една или друга причина тоа не се случило до 2025 година.
Почнувајќи од оваа сезона, Британецот ќе се натпреварува за Скудерија, а веќе ги направи првите тестови со црвениот болид. Тие предизвикаа огромен интерес за Ферари, а надежите на навивачите за нови успеси се многу големи.
„Првпат дојде кај нас во 2014 година кога купи Лаферари. Тој помина многу време во фабриката приспособувајќи го автомобилот. Кон вечерта ми рече „здраво“ и го поканив на вечера со мене. Беше ентузијаст и сфатив дека е многу фина личност. Доаѓаше повторно, но главно разговараше со луѓето кои се занимаваат со продажба.
Со текот на годините, понекогаш разговаравме и се шегувавме. Неколку пати ми кажа за неговата желба да се трка за нас, но тој беше врзан за Мерцедес, а ние за нашите возачи. Потоа дојде моментот кога и Луис и ние видовме можност да започнеме преговори и постигнавме договор“, изјави Ферари за AutoSprint.