Крис Еванс одговори на гласините дали повторно ќе го игра Капетан Америка

од Vladimir Zorba
7 прегледи

Американскиот актер Крис Еванс, на многумина најпознат по улогата на „Капетан Америка“ во филмовите на Марвел, неодамна одговори на гласините дека ќе ја репризира улогата во претстојниот филм за „Одмаздници“, „Avengers: Doomsday“.

Еванс последен пат го играше „Капетан Америка“ во филмот „Одмаздници: Крај на играта“ од 2019 година, а како што објави Variety, се појавија гласини дека актерот би можел да го репризира својот познат лик. Сепак, Еванс ги демантираше сите гласини и рече дека не планира повторно да го глуми Стив Роџерс, или „Капетан Америка“.

„Тоа не е вистина“, накратко коментира Еванс за Esquire, додавајќи: „Тоа секогаш се случува. Мислам, на секои две години се појавуваат такви гласини, уште од Финалето. Воопшто престанав да одговарам на тие приказни. Но, не. Не се враќам. Среќно сум во пензија!“

Многу фанови на „Капетан Америка“ имаа уште поголема надеж откако Ентони Меки, кој моментално го промовира филмот „Капетан Америка: Храбар нов свет“, рече дека слушнал од агент дека Еванс треба да се врати.

„Мојот менаџер ми ја покажа веста. Тој рече: „Ох, изгледа дека Крис се враќа“. Тоа е се што знам. „Не сум го видел сценариото“, рекол актерот во интервју за Esquire, пренесе Variety.

Ентони Меки и Крис Еванс поминаа пет години заедно снимајќи филмови на Марвел како Сем Вилсон/Фалкон и Стив Роџерс/Капетан Америка. Нивните ликови беа блиски пријатели, а Стив му го предаде штитот на Капетан Америка на Сем на крајот од Avengers: Endgame.

Таа одлука целосно стапува во сила во претстојниот филм на Марвел, „Капетан Америка: Храбар нов свет“, во кој Меки сега ја презема насловната улога на борецот за слобода.

Слични содржини