40
Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот тим имаат намера да ја стават американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) под контрола на Стејт департментот, што би значело дека агенцијата повеќе нема да има автономија во одлучувањето.
Трамп покрена иницијатива која вклучува замрзнување на странската помош за 90 дена додека ја испитува можноста за одземање на автономијата на УСАИД преку извршна наредба, објави Ројтерс.
Во тој случај, сите одлуки донесени од таа агенција би требало да бидат одобрени од државниот секретар Марко Рубио и остатокот од тимот што ја води американската извршна власт.