Зголемувањето на царините за Канада и Мексико ќе ја погоди американската автомобилска индустрија

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Тарифите од 25 отсто што американскиот претседател Доналд Трамп ги објави дека САД ќе ги воведат почнувајќи од денеска за стоки од Канада и Мексико ќе влијаат на трговијата меѓу северноамериканските земји што надминува 1,8 трилиони долари, а меѓу првите што ќе бидат погодени ќе биде автомобилската индустрија, пријави денес АП.

Со децении, американските компании градеа синџири за снабдување со автомобили во соседните Мексико и Канада, така што денес повеќе од еден од пет автомобили и камиони што се продаваат во САД се произведува во Канада или Мексико, според S&P Global Mobility.

САД увезоа автомобили и камиони во вредност од 69 милијарди долари од Мексико во 2023 година, повеќе од која било друга земја, додека од Канада беа увезени автомобили и камиони во вредност од 37 милијарди долари.

Слични содржини