ДУИ: Цела недела имаше институционално насилство врз Албанците, претходните седум дена ќе остават последици со години

од Nikola Popovski
26 прегледи

„Во неделата која измина се откри вистинското лице на власта која ги третира Албанците како непожелни во сопствената држава. Провокациите не престанаа ниту еден ден“, велат од ДУИ преку соопштение. Oбјавија дел од политичките настани кои се случија во изминатите седум дена на политичката сцена.

„Вицепремиерот Стоилковиќ, кој претходно беше поставен на чело на министерството одговорно за Охридскиот договор не за да го брани, туку за да ги провоцира Албанците, сега го добива и одликувањето „Војвода Вук“ од здружение што ги промовира вредностите на војните од 1912-1918 година – период кога Албанците беа масакрирани и протерани од своите родни огништа, а ниту Македонците не поминаа подобро. Чиста провокација, отворен предизвик кон жртвите и историјата.

Милорад Додик, кој ги негира масакрите во Сребреница и Косово, во Скопје беше примен со високи државни почести и оттука упати пораки против НАТО и Европската унија, во кои ја велича Русија, покажувајќи дека оваа влада нема западна ориентација, туку само врски со сили кои донесоа трагедија на Балканот.

На историски ден за Албанците, на 28 јануари се одбележа годишнината од именувањето на првиот албански премиер, но под срамни услови, каде Албанците се провоцирани и дискриминирани како никогаш досега.

Во Собранието предводено од негирачот на албанскиот јазик, Африм Гаши, се вработени само тројца Албанци и дваесет Македонци, а одлуките се носеа исклучиво на македонски јазик.

Владата го симна статусот на правно лице од Инспекторатот за албански јазик, незаконски и со јасна намера да го елиминира секој заштитен механизам за јазична еднаквост. Акција која не е само напад на институција, туку на сите Албанци.

Премиерот го објави списокот на неговите 17 советници, каде Албанците речиси и да ги нема. Ова е јасен доказ дека Албанците не се добредојдени во неговата влада и дека за нив нема место во одлучувањето.

На границата со Косово продолжуваат понижувачките и намерни колони на преминот „Блаце“ што е оркестриран обид да се попречи секојдневната комуникација меѓу Албанците од двете страни на границата“, велат од ДУИ.

Додаваат дека дека „актуелната власт над Албанците владее со ароганција и дискриминација“.

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче вели дека нема да коалицираат со ДУИ и демантира дека имало било какви разговори со оваа партија за локалните избори.

-Научивме една многу сериозна лекција од коалицирањето со ДУИ. Многу работи ни се удрија од глава и тоа морам да бидам искрен и да го признаеме. Дистанцата е нешто што природно дојде, како барање на членството, но и како чувство и емоција кон коалиција која не беше принципиелна, вели Филипче во интервју за РСЕ.

Слични содржини