Земјотрес ја стресе Македонија

од Nikola Popovski
31 прегледи

Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML3.0 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е регистриран рано утринава во 1 часот и 50 минути. Епицентарот на земјотресот е од подрачјето Дебар, на 80 километри југозападно од Скопје.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, го утврди земјотресот.

Нема информации за предизвикана материјална штета.

Минатата недела беше почувстван земјотрес во 10:08 часот по локално време во близина на Гевгелија со јачина од 2,3 степени и длабочина од 5 километри.

Во соседството, серија силни земјотреси во последните 24 часа се регистрирани во областа Санторини, Грција.

Слични содржини