Регистриран нов земјотрес во Македонија

од Nikola Popovski
34 прегледи

Нов земјотрес е регистриран утринава во земјава, во 9 часот и 18 минути во епицентралното подрачје Штип – Радовиш на 70 километри југоисточно од Скопје. Информацијата доаѓа од Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Штип и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Претходно земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML3.0 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала беше регистриран рано утринава во 1 часот и 50 минути. Епицентарот на земјотресот е од подрачјето Дебар, на 80 километри југозападно од Скопје.

Објавени се информации и за земјотрес со јачина од 3,2 степени. Епицентарот на земјотресот бил во близина на Центар Жупа, недалеку од македонско-албанската граница. Според првичните информации, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри. Земјотресот е регистриран во 1:50 часот.

Нема информации за повредени лица или предизвикана материјална штета.

Минатата недела беше почувстван земјотрес во 10:08 часот по локално време во близина на Гевгелија со јачина од 2,3 степени и длабочина од 5 километри.

Слични содржини