Со потерница се бара битолчанецот кој ја тепаше својата поранешна партнерка, а таа за да се спаси си ги пресече вените

од Nikola Popovski
42 прегледи

Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинение против 40-годишник кој се товари за – Противправно лишување од слобода од член 140 став 5 во врска со став 2 и став 1, како и Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 21 октомври 2024 година, обвинетиот при семејно насилство и на свиреп начин противправно на сила ја држел затворена својата поранешна партнерка во викенд-куќа во атарот на селото Нижеполе. Притоа ја удирал со тупаници, шлаканици и клоци по главата и телото, ја влечел за косата и телесно ја повредил. Неможејќи да го издржи насилничкото однесување, жртвата посегнала по нож и си ги пресекла вените на левата рака. И покрај тоа, обвинетиот продолжил да ја удира и да ја малтретира.

Од самиот почеток на кривичната постапка, по предлог на јавниот обвинител, на обвинетиот му е определена мерка притвор која треба да започне да спроведува по неговото пронаоѓање и лишување од слобода. Со поднесеното обвинение сега, обвинителството бара притворската мерка да опстои, иако лицето се уште е недостапно за органите на прогонот. Исто така, јавниот обвинител веќе има издадено наредба за распишување на национална потерница и ги презеде сите дејствија неопходни за евентуална екстрадиција на лицето доколку се утврди дека се наоѓа во друга држава.

Слични содржини