ДУИ му одаде почит на Гоце Делчев: „Идејата на делчевизмот е идeологија која денес е најнеопходна“

од Nikola Popovski
111 прегледи

На годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, делегација на Демократската унија за интеграција положи венец на почивалиштето на Делчев во црквата „Свети Спас“. Потпретседателот на интегративците, Арбер Адеми порача дека денеска треба да се слави визијата на Делчев за еднаквост и соживот.

„Денес, секако, треба да се истакне идејата за делчевизмот е идеологија која деновиве ѝ е повеќе од потребна на Република Македонија, односно меѓусебно почитување, соживот, еднаквост, но и соработка и меѓукултурно збогатување меѓу етничките заедници. овде во земјата, треба да послужи како темели за градење на заедничка иднина. Затоа евентуалните дивергенции што ги имаме денес во општеството не треба да постојат, тие разлики, различностите што ги имаме да не служат како поделби“, рече Адеми во изјава за медиумите.

Прашан за коментар на изјавата на претседателот на СДСМ дека нема да коалицираат со ДУИ, Адеми рече дека партијата имала соопштение и остануваат на тој став, нагласувајќи дека тие секогаш имаат партнерство со граѓаните.

-Ние секогаш сме имале партнерство со граѓаните, така што го продолжуваме тоа партнерство со граѓаните и како и секогаш ДУИ и Европскиот фронт ќе бидат најголемите победници на локалните избори, изјави Адеми.

Македонија му оддава почит на великанот – одбележани 153 години од раѓањето на корифејот на македонското ослободително движење, големиот револуционер Гоце Делчев. Организиран панихида во црквата Св. Спас во Скопје. Присутни беа речиси сите значајни политички фигури во земјава. Изостана присуство на официјална владина делегација од Софија иако имаше нивни членови пред две години во Скопје, при одбележувањето.

Слични содржини