Раководните лица на Далас Маверикс одлучија да им понудат поврат на парите на навивачите кои сакаат да ги вратат своите сезонски билети поради разочарувањето што го почувствуваа поради неодамнешниот „трејд“ на најдобриот играч на франшизата, Лука Дончиќ.
Неодамна кошаркарската јавност беше изненадена од веста дека „телињата“ го „трејдувале“ словенечкиот репрезентативец.
Највредниот адут што пристигна во Далас е центарот Ентони Дејвис, а љубителите на кошарката, речиси без исклучок, се согласуваат дека франшизата од Тексас изгуби многу на овој начин.
Голем број навивачи изразија незадоволство откако дознаа дека Дончиќ бил трејдуван во Лос Анџелес Лејкерс, а покрената е иницијатива за рефундирање на сезонските билети.
Ова го препозна и менаџментот на франшизата, кој на секој навивач ќе му ги врати парите доколку се откаже од сезонскиот билет.
Мавс сакаат да им ги вратат парите на навивачите за преостанатите домашни натпревари оваа сезона, а се проценува дека секој навивач што ќе одлучи да го стори тоа ќе добие околу 2.000 долари назад, тврди Аби Џонс, известувач за DLLS Sports.
Далас е на 11. место на Западот со скор 26-25.