Тренерот на Лејкерс им одговори на сите кои тврдат дека Дончиќ и Леброн не можат да играат заедно

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Тренерот на Лос Анџелес Лејкерс, Џеј Џеј Редик потврди дека новото засилување Лука Дончиќ би можел да дебитира за Лејкерс во сабота. Дончиќ учествуваше на првиот тренинг со Лејкерси откако дојде во тимот од Далас. Словенечката ѕвезда не играше за Маверикс по повредата на левата потколеница, која се случи на Божиќ.

„Едноставно ја проценуваме ситуацијата од ден на ден“, рече Редик и продолжи: „Се надеваме дека ќе го вратиме на теренот во следните неколку натпревари. Завршивме добра работа денес за околу 45 минути и тој ќе биде подготвен да игра во одреден момент во следните два дена. Ќе донесеме одлука во сабота. Ако не е натпреварот во сабота, се надеваме дека ќе биде понеделник, но тие одлуки ќе ги донесеме во сабота“.

Дончиќ во вторникот вечерта гледаше од клупата како Леброн Џејмс ги предводеше Лејкерси до победата над Клиперс од 122:97. Џејмс се уште се справува со заминувањето на Ентони Дејвис, близок пријател и соиграч веќе пет и пол години, но звучеше возбудено поради формирањето на ново партнерство со Дончиќ, кого претходно го означи како негов омилен играч во НБА.

Џеј Џеј Редик не мисли дека Словенецот ќе има проблеми да се прилагоди на играњето со Леброн Џејмс во Лос Анџелес Лејкерс.

„Тој ја знае кошарката. Ја знае на високо ниво. Ние користиме многу концепти кои ги користеше во Далас и кои ги користат многу тимови. Имаме тенденција да играме навистина интелигентен напаѓачки стил на кошарка, а на тоа ќе го додадете и Лука, кој е суперкомпјутер на теренот и може да види сè“, објасни Редик.

Слични содржини