Родителите на Васил Јованов: „Секој ден се молиме на Бога за семејството на Фросина да ја издржи загубата“

од Nikola Popovski
15,2K прегледи

Мајката и таткото на возачот Васил Јованов кој ја усмрти Фросина Кулакова, денеска на прес-конференција изразија сочувство поради смртта на младата девојка. Скршена од тага и болка, мајката на Васил, Ана Јованова во изјава за медиумите изнесе родителско сочувство, особено до мајката на Фросина бидејќи, како што вели, „само мајка може да разбере како ѝ е на другата мајка во ваква ситуација“.

Според Ана, кобната вечер се зацрнија два дома.

-Мислам дека само тој што има дете, би требало да може за миг да се стави во нашата кожа и да претпостави колку е страшно и болно и каков товар е тоа. Секој ден се молиме на Бога за семејството на Фросина да ја издржи оваа загуба, рече меѓу другото Ана, додавајќи дека како родители изгубиле едно свое дете кое починало по 23 часа од нејзиното породување.

-По бројни обиди да имаме уште едно, сепак судбината реши да не остави со едно дете, кажа мајката, одговарајќи на новинарско прашање.

Вели дека не ја познава судијката Даниела Алексовска-Стојановска. Првпат ја видела во рамките на самата судница и рочиштата.

-Можеби е сопруга на некој мој поранешен колега, но јас не сум свесна за тоа. Бог ми е сведок, рече Јованова.

Таткото на Васил изјави дека неговиот син по пресудата за претходното кривично дело „навистина се променил и престанал со пушење и се фокусирал на спорт“. Вели дека сам си нашол психолог и духовен водач во манастирот Св. Јован Бигорски.

Зоран Јованов појасни дека никогаш не размислувал, ниту преземал, ниту имал моќ да „повлече врски“ за неговиот син. Дециден е дека „не е човек надвор од системот“. Исто како и Ана и тој кажа дека судијката за претходниот случај Стојановска воопшто не ја познава претходно, туку ја видел во судница.

-24 години го поздравувам македонското знаме секое сабајле. Апсолутно сум човек што верува во казнивост и одговорност, рече Зоран на прес-конференцијата на која присуствуваше и адвокатот на Васил, Сашко Дукоски. Тој демантираше повеќе наводи изнесени во јавноста, како што се брзината на возење во моментот на несреќата и наводните протекции на родителите.

Рече дека вешташењето е вчера почнато и повика немсто повици за линч, да се остави институциите да си ја работат работата.

-Она што ме поттикна и што не можев да поминам преку тоа е изразувањето на многу ноторни невистини, повик на линч, повик на крв и наместо воспоставување на право со владење на законите во една демократска и правн адржава во една обвинителска и судска постапка, воспоставување или обид за воспоставување на т.н. начело – око за око, заб за заб. Во последниот период видовте низа т. н. експерти кои се низата за постапката, а постапката не трае ни една недела, кажа Дукоски.

Фото: Јутјуб/принтскрин

Слични содржини