27
Франција ќе ја повика Европската унија да одговори на најновите царини објавени од американскиот претседател Доналд Трамп, изјави денеска францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро.
Тој за телевизијата „TF1“ изјави дека Франција и нејзините европски партнери не треба да се колебаат да ги бранат своите интереси пред заканите од американските царини.
Трамп синоќа изјави дека планира денеска да објави царини од 25 отсто за целиот увоз на челик и алуминиум во САД.