📸Лејкерси ги почестија навивачите: Секој што го гледаше дебито на Дончиќ со Јута го доби дресот на Лука на подарок

од Vladimir Zorba
23 прегледи

Секој навивач на Лејкерс кој синоќа беше во „Крипто Ком Арената“ на натпреварот против Јута (132:113) од клубот на подарок доби дрес на Лука Дончиќ.

Раководството на тимот на „езерџиите“ сакаше да им се оддолжи на навивачите кои дојдоа на дебитантскиот настап на словенечката суперѕвезда, па со овој пример сакаа да искажат благодарност.

Пред натпреварот, голем дел од трибините беа украсени со дресови на Лука Дончиќ, а сите навивачи кои дојдоа да присуствуваат на првиот натпревар на словенечката суперѕвезда во ЛА добија убав подарок од клубот.

Инаку, Дончиќ нема играно од Божиќ кога ја повреди потколеницата на натпреварот против Минесота, додека во периодот на рехабилитација беше трејдуван од Далас во Лејкерс.

Слични содржини