Фудбалерите на Реал Мадрид од 21 часот ќе гостуваат во Манчестер Сити во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите, а тренерот на гостинскиот тим Карло Анчелоти изјави дека го цени својот противник многу повеќе од нивните моментални лоши резултати.
После години доминација во англискиот фудбал, Манчестер Сити оваа сезона не личи на себе. За прв пат по десет години немаат никакви шанси во борбата за титулата во националниот шампионат, а се чини дека не се ниту фаворит за освојување на трофејот во Лигата на шампионите.
Тренерот на неговиот ривал вечерва, Карло Анчелоти изјави дека е изненаден од лошите резултати на Сити.
„Изненаден сум. Секако дека сум непријатно изненаден. Минуваа низ тешкотии, повреди. Губеа бодови“, изјави Анчелоти.
Италијанскиот стручњак додаде дека Манчестер Сити повторно изгледа сериозно.
„Тимот на Сити што го видов во последните 2-3 натпревари изгледа навистина добро. Конкурентен тим како и обично. Многу се сомневам дека Манчестер Сити нема толку силен тим како порано“, изјави Анчелоти.