Наполи е лидер во италијанската Серија А. По киксот минатото коло, „наполитанците“ се на само бод пред Интер.
Наполи изминатиот викенд ремизираше со Наполи на стадионот „Диего Армандо Марадона“, но тренерот на наполитанците Антонио Конте не жали за изгубените два бода. Тој веќе истакнува дека целта која му била поставена на почетокот на сезоната била пласман во Европа.
-Нерешеното со Удинезе не е крај на светот. Тие се добар тим со добри играчи. Ова не е пропуштена шанса. Да не бегаме од реалноста. Во следните 14 натпревари треба да обезбедиме место во Европа. Тоа беше барањето на клубот кога пристигнав. Ова ги вклучува Лига Европа и Конференциската лига. Сега сме во позиција каде што секој би сакал да биде, но колку сте поблиску до врвот, толку ветровите се посилни. Во последните девет натпревари имаме седум победи и две нерешени, а израмнувачкиот гол против Рома го примивме во 93. минута“, изјави Конте.
Италијанскиот стручњак нема поплаки за своите играчи.
„Верувајте ми, овие момци прават неверојатни работи овде. Тие излегоа од теренот целосно исцрпени. Се разбира дека жалам што не победивме, но немам што да ги критикувам момците за нивниот пристап. Можевме подобро да ги искористиме можностите во првото полувреме и да не дозволиме Удинезе да се врати во игра. Но, да останеме смирени. Ако не останеме смирени, ќе застраниме од вистинскиот пат. Барам од играчите да дадат 110 проценти, но не можам да барам повеќе од тоа што го дадоа“, заклучи Конте.