Нутриционистите велат дека најдобро е да јадете три намирници наутро

од Vladimir Zorba
137 прегледи

Исхраната игра клучна улога за нашето здравје, вклучувајќи го нивото на стрес и воспаление во телото. Додека преработената и нездрава храна може да предизвика воспаление и да го зголеми стресот, одредени намирници имаат спротивен ефект – тие можат да го намалат воспалението и да го поддржат целокупното здравје.

Со изборот на вистинскиот појадок, можеме да го намалиме ризикот од срцеви заболувања, дијабетес, хормонална нерамнотежа, дигестивни проблеми и ослабен имунитет.

Затоа, експертите идентификуваа три намирници кои најдобро се консумираат наутро:

Бобинки

Бобинки, како што се боровинки и малини, се богати со антиоксиданси, како што се антоцијани, кои помагаат во борбата против оксидативниот стрес и воспалението.

„Еден лесен начин да ги вклучите во вашата утринска рутина е да ги додадете во смути или чинија овесна каша“, советува за SheFinds нутриционистката Каролина Шнајдер.

Таа исто така препорачува гоџи бобинки, кои може да се измешаат во јогурт или да се „посипаат“ за време на појадокот.

Семиња богати со омега-3 масни киселини

Чиа семето и семето од лен се одличен извор на растителни омега-3 масни киселини, кои го намалуваат воспалението и го поддржуваат здравјето на мозокот. Дополнително, овие семиња помагаат во здравјето на цревата, што игра важна улога во регулирањето на стресот.

„Можете да ги посипете на тост од авокадо, да ги изблендирате во смути или да ги додадете во парфе од јогурт“, предлага Шнајдер.

Чиа пудинг или овесна каша се, исто така, одлични начини да ги добиете.

Ферментирана храна

Здравјето на цревата и мозокот се тесно поврзани, а ферментираната храна богата со пробиотици може да го намали воспалението и да ги регулира хормоните на стрес.

„Проботиците го поддржуваат здравјето на цревата, што позитивно влијае на расположението и функцијата на имунолошкиот систем“, објаснува нутриционистот и натуропатскиот лекар Др. Мишел Сендс.

Додавањето кефир во смути, кисела зелка со јајца или ферментиран зеленчук на тост од авокадо се одлични начини да ја вклучите ферментираната храна во вашиот појадок.

Слични содржини