Трамп најави средба со Русите, а сега пристигна неочекуван одговор

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп најави итен почеток на мировните преговори за ставање крај на војната во Украина по „долгиот и многу продуктивен“ разговор со рускиот претседател Владимир Путин.

Но на Минхенската безбедносна конференција нема да има руска делегација, потврди портпаролката на руското МНР, Марија Захарова.

Иако тоа не се очекуваше, сомнежите ги покрена изјавата на Доналд Трамп дека разговорите меѓу украинските и руските претставници може да се одржат на конференцијата или на друго место во градот.

Сепак, ниту Москва ниту Киев не најавија дека очекуваат преговори.

Слични содржини