Соединетите Држави веруваат дека главната закана за европската безбедност не доаѓа од Русија и Кина, туку лежи во самата Европа, рече американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс за време на неговото обраќање на Минхенската безбедносна конференција.
„Заканата што најмногу ме загрижува кога станува збор за Европа не се Русија и Кина, таа закана не доаѓа од некаде надвор.
„Загрижен сум за внатрешната закана, оддалечувањето на Европа од некои од основните вредности што ги споделува со Соединетите држави“, рече Венс.
Тој посочи дека некои изјави на политичарите во Европа „ги шокираат Американците“.
Според него, Европа се соочува со бројни предизвици, но кризата со која сега се соочува континентот е последица на нејзините постапки.
Венс истакна дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп е „многу загрижена за европската безбедност и е уверена дека може да се постигне прифатливо решение за ситуацијата меѓу Русија и Украина“.
Венс исто така рече дека Европа треба значително да ги зголеми трошоците за одбрана во наредните години, пренесува „Спутник“.