Запалени две возила во дворот на Струмичката болница

од Nikola Popovski
29 прегледи

Струмичката противпожарна бригада рано утрово интервенирала во дворот на Струмичката болница поради тоа што биле опожарени два автомобили.

-Утрово во 05.05 часот во дворот на ЈЗУ Општа болница- Струмица, ТППЕ Струмица со 1 ПП возило и 3 пожарникари-спасители интервенираше на гасење на две запалени хаварисани возила. Пожарот беше локализиран и ликвидиран за кратко време после пристигнувањето и беше спречено негово проширување на блиските околни објекти, истакнуваат од Струмичката пожарна.

Во случај на пожар или друга елементарна непогода, јавете се на бесплатниот телефонски број 112 или 193.

Слични содржини