Нов немил настан на скопските булевари: Прегазен малолетник

од Nikola Popovski
920 прегледи

Нов немил настан на скопските булевари. Како што стои во полицискиот билтен на МВР, момче било прегазено од страна на 61-годишник. Детето било пренесено во болница со тешки повреди.

-На 18.02.2025 околу 15.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(61) од Скопје, удрило во 17-годишен пешак од с.Страчинци, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, појаснија од Скопската полиција.

Слични содржини