Артритисот е водечка причина за инвалидитет и може значително да го комплицира секојдневниот живот. Многумина бараат ефективни методи за ублажување на болката, но ревматологот Др. Јулиус Бирнбаум предупредува дека постојат два популарни, но не препорачани методи на лекување – опиоидни лекови и инјекции на глукозамин во зглобовите.
„Во повеќето случаи, опиоидните лекови не треба да бидат прв избор. Покрај тоа, тие не треба да се користат пред да се испробаат други стратегии”, нагласува др. Бирнбаум за „Parade“.
Американското здружение на хирурзи на колкови и колена, исто така, предупредува дека опиоидите не даваат долгорочно олеснување и може да го зголемат ризикот од компликации по операцијата, вклучително и зависност. Исто така, „пациентите треба да избегнуваат интраартикуларни инјекции на глукозамин“, истакнува д-р. Бирнбаум, додавајќи дека нема доволно докази за нивната ефикасност.
Наместо ризични методи, др. Бирнбаум препорачува нестероидни антиинфламаторни лекови (НСАИЛ) и вежбање како таи чи и јога. „НСАИЛ може да се користат локално на неколку зглобови, со што се намалува ризикот од системска апсорпција“, објаснува тој.
Дополнително, се наведува дека дулоксетин може да биде корисна алтернатива за пациенти кои не можат да земаат НСАИЛ. Истражувањата потврдуваат дека таи чи и јогата можат да ја намалат болката, да ја подобрат подвижноста и да ја намалат депресијата кај луѓето со артритис.
Губењето на тежината, исто така, може да игра клучна улога во лекувањето на артритисот, бидејќи го намалува притисокот врз зглобовите и ја подобрува физичката функција.
Иако не постои универзално решение, избегнувањето на опиоиди и инјекции на глукозамин може да даде побезбедни и поефикасни резултати на долг рок.