Раната елиминација од Лигата на шампионите ќе предизвика сериозна финансиска штета на Сити

од Vladimir Zorba
13 прегледи

Раната елиминација од Лигата на шампионите претставува сериозен удар за финансиите на Манчестер Сити. Синоќа „граѓаните“ претрпеа пораз од Реал (Мадрид) со 1:3 и по вкупниот пораз од 3:6 не успеаја да се пласираат во 1/8-финалето на турнирот.

Минатата сезона, Сити со елиминацијата од четвртфиналето собра 90 милиони фунти од паричната награда на УЕФА, вклучително и 3,3 милиони фунти за освојување на Суперкупот на Европа.

Според „The Athletic“, овој пат Сити ќе добие околу 64 милиони фунти за целата фаза и плеј-оф рундата, што е за 36 милиони фунти помалку.

Предвременото излегување од Лигата на шампионите може да влијае на плановите на тимот за летниот преоден рок, а тие се уште не се квалификувале за највисокиот европски турнир следната сезона.

Слични содржини