Изгореа седум тони пченка во Дебрца

од Nikola Popovski
54 прегледи

На 23.02.2025 во 19.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на земјоделско земјиште со насади во близина на селото Ново село, општина Дебрца, настанал пожар при што изгореле околу седум тони пченка.

Според информациите на Охридската полиција, пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Слични содржини