26
Поранешниот фудбалер Месут Озил е назначен за еден од 39-те нови членови на извршниот одбор во партијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Според германскиот таблоид Билд, на партискиот конгрес на Партијата на правдата и развојот (АКП) во Анкара, Озил станал еден од 75-те членови на Централниот комитет за одлучување и управување (MKYK).
Пријателството меѓу фудбалерот и Ердоган започна во 2010 година, а Ердоган беше и кум на свадбата на Озил во Турција во 2019 година.
Поради врската со турскиот претседател, Озил доби многу критики од навивачите во Турција и Германија, а како што пренесува Билд, нивното пријателство продолжило.
Озил го освои Светското првенство во Бразил во 2014 година во дресот на Германија.