Граѓаните на скопски Аеродром апелираат за поставување на соодветни сообраќајни знаци и означен пешачки премин откако малолетник бил удрен од мотор на уличка зад Трговскиот центар „Скопјанка“. Граѓаните велат дека иако е еднонасочна, по улицата се вози во двата правци на одреден дел.
-Почитувани, ќе ве замолам на оваа улица позади ТЦ „Скопјанка“ која е еднонасочна, но се вози двонасочно на делот од скаличките до паркингот да се обележи пешачки премин и некој знак за пешаци. Секој дневно од тука идат и се враќаат ученици од О.У. „Браќа Миладиновци“ и е опасно за нив. Денес беше удрено дете од мотор, а и претходно имало слични инциденти за среќа без последици како денес, беше споделено во Фејсбук групата „Општина Аеродром – Граѓанска патрола“.
Имплементирање на системот „безбеден град“, парична и затворска казна за „безобѕирно возење“, одземање на возилата, тестови за дрога на лице место, автоматско евидентирање на нерегистрираните возила, поврзување на системите на МВР, судовите и обвинителствата за брзи санкции… но и семејството, како што е фактор на превенција, е и фактор на ризик и затоа образованието треба да го надополни она што семејството ќе го пропушти, бидејќи општата некултура, се рефлектира и во сообраќајот. Ова се дел од пораките од јавната расправа за потребата од измени на законската регулатива со цел зајакнување на безбедноста во сообраќајот, што се одржа во Собранието во рамки на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.
Системот „Безбеден град“ (Сејф сити) првите казни ќе ги испорачува од 1 јануари 2026 година, иако функционирањето на системот ќе се случи порано.