Херојот за Реал Мадрид на натпреварот против Реал Сосиедад – Ендрик доби многу високи пофалби од тренерот на тимот Карло Анчелоти. 18-годишниот Бразилец обезбеди победа на гостински терен од 1-0 со гол во 19. минута, откако доби фантастичен долг пас од Џуд Белингем.
„Тој е навистина импресивен. Има неверојатни карактеристики и ги покажува секогаш кога ќе добие шанса. Неговата прецизност во шутот е неверојатна. Брз е, но има уште многу да се подобри со топката. Но неговиот дриблинг – леле! Можеше да постигне втор гол, но среќата не беше на негова страна и топката ја погоди стативата.
Ендрик е многу млад, но импресиониран сум од тоа колку брзо учи. Не знам до каде може да оди. Никој не знае. Засега ќе ви кажам дека небото е неговата граница“, изјави Анчелоти на прес-конференција.