Пресврт! Баерн ја повлече понудата за капитенот на германската репрезентација

од Vladimir Zorba
12 прегледи

Според „Билд“, Баерн Минхен ја повлекол понудата за продолжување на договорот со Џошуа Кимих.

Капитенот на германската репрезентација на почетокот на неделата беше информиран дека претходната понуда повеќе не важи. Причина? На челниците на Баерн не им е јасно зошто Кимих се уште се двоуми и сакаат конечна одлука, без дополнителни преговори за условите на договорот.

Иако првичниот план беше да се намали платата на Кимих, неговите одлични настапи оваа сезона го сменија ставот на клубот. Новата понуда наводно била дури и малку подобра од претходниот договор, според кој Кимих заработува околу 20 милиони евра годишно.

Во понеделникот во Баерн се одржа редовен состанок на надзорниот одбор, а една од клучните теми била Кимих. Конечна одлука на раководството? Понудата нема дополнително да се подобрува, а по долго двоумење е повлечена од преговарачка маса.

„Билд“ дознава дека разговорите меѓу Кимих и клубот продолжиле и по повлекувањето на понудата. Но, прашање е дали Кимих сега ќе може да смета на истите услови како и досега. Нејасно е колку се заинтересирани други европски гиганти за неговите услуги во моментов, но наводно на маса веќе има понуди од големи клубови.

Кимих, 30-годишниот играч од средниот ред, во Баерн е од 2015 година, кога за осум и пол милиони евра пристигна од Штутгарт.

Слични содржини