Тетовската полиција доцна синоќа интервенирало во селото Палчиште при што уапсила неколку лица осомничени за злоупотреба на животни и организирање борби со кучиња.
Според полицијата, при акцијата биле откриени повеќе повредени кучиња и детектирани тешките услови во кои биле чувани. Се додава дека борбите биле организирани во тајност, а незаконското обложување бил главен дел од оваа криминална активност.
-Вчера во 16 часот во село Долно Палчиште, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.М.(18) од с. Горно Палчиште, С.У.(50) од с.Долно Палчиште и Ј.И.(43) од прилепското село Дебреште, постапувајќи по претходна пријава дека организирале борба со кучиња.
За настанот биле известени јавен обвинител и Агенција за храна и ветеринарство, кои излегле на местото и кои ги преземале кучињата за понатамошна постапка.
Лицата биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР.