Средба Стармер-Зеленски во Лондон

од Даниел Ѓорѓиевски
28 прегледи

Од британската влада соопштуваат дека е закажана средба помеѓу Британскиот премиер Кир Стармер и украинскиот претседател Володимир Зеленски, средбата е предвидена попладнево во Даунинг Стриг.

Стармер утре ќе биде домаќин на европските лидери на состанокот во Лондон, каде што ќе разговараат за планирањето на идниот мировен договор за Украина и неговото спроведување.

Премиерот Стармер смета дека таков договор ќе мора да ги вклучи и САД. Сепак, надежите за единство меѓу Европа и САД за иднината на Украина се разнишани по силниот судир меѓу Доналд Трамп и Володимир Зеленски во Белата куќа.

 

Слични содржини