Дали Британскиот премиер Стармер ќе посредува помеѓу Вашингтон и Киев?

од Даниел Ѓорѓиевски
23 прегледи

Телефонски разговор на Британскиот премиер Стармер со Вашингтон и Киев. За разлика од многу европски политичари, кои веднаш по скандалот во Белата куќа му изразија солидарност на Зеленски , британскиот премиер Стармер зазема неутрален став.

По неуспешната средба во Белата куќа меѓу украинскиот претседател Зеленски и Американскиот Трамп,  британскиот премиер Кир Стармер се позиционира како градител на мостови. Тој ги покани европските шефови на држави или влади на самит за Украина во Лондон во недела (2.03), а веќе денеска во Лондон го пречекува украинскиот претседател Зеленски.

Стармер во телефонски разговор со Зеленски и со Трамп  ја нагласил својата непоколеблива поддршка за Украина но повикал да сѐ  најде пат кон траен мир заснован на суверенитетот и безбедноста на Украина.  За разлика од многу други европски политичари, Стармер не ја изрази  својата поддршка за Зеленски преку социјалните мрежи, а од Британските медиуми ова е протолкувано како обид за посредување помеѓу Киев и Вашингтон.

Покрај Зеленски, на самитот во Лондон во недела се очекува да присуствуваат и германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон, италијанската премиерка Џорџа Мелони, полскиот премиер Доналд Туск, други шефови на држави или влади, како и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Кошта.

Слични содржини