Советникот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, Мајк Волц, најави поддршка од САД за новото раководство во Украина по вербалната расправа на американскиот претседател во Овалната соба со украинскиот претседател Володимир Зеленски во петокот.
„Потребен ни е лидер кој може да работи со нас, и на крајот со Русија, и да стави крај на оваа војна“, изјави Валц за Си-Ен-Ен. „И ако стане очигледно дека личните или политичките мотивации на претседателот Зеленски не се во согласност со завршувањето на борбите во оваа земја, тогаш мислам дека имаме реален проблем“ додава Волц.
Валц нагласи дека украинскиот лидер мора јасно да прави разлика помеѓу „јавно и приватно“ и дека е „подготвен за мир“.
Советникот за национална безбедност , исто така, даде нов увид во потенцијалните отстапки за време на преговорите за договор меѓу Русија и Украина.
„Она што јас го нагласувам е дека оваа војна треба да заврши, а тоа ќе бара отстапки на територијата. За тоа ќе бидат потребни руски отстапки за безбедносните гаранции. Тоа очигледно ќе биде еден вид територијална отстапка за безбедносните гаранции во иднина“, нагласи Волц, мислејќи на „безбедносните гаранции предводени од Европа“, вклучително и британските и француските воени сили на теренот. За американските безбедносни гаранции, додаде тој, „треба да се преговараат“.