ВЛЕН: Со бојкот и нереди, ДУИ се на добар пат цела партија да биде ставена на црна листа

од Nikola Popovski
17 прегледи

Неодговорните најави на ДУИ за бојкот на локалните избори им покажа уште еднаш дека се целосно изолирани. Тоа што не се снаоѓаат во опозиција не може да го претворат во државен проблем. Али Ахмети е очајен за политичко внимание. Бара факторизација преку некаква средба со ВЛЕН, за проблеми кои ни ги остави во наследство, порачаа од ВЛЕН по последните обвинувања околу локалните избори, иако до нив има уште осум месеци.

Од ВЛЕН велат крајно лицемерно и неодговорно е ДУИ да ги обвинува нив за иницијативата пред Уставниот Суд, кога истата е свесно држена во фиока од нивните кадри во овој Суд, со план денес да се злоупотребува за критика.

-Не може ВЛЕН да биде одговорен за одредени недоречености во законот кои самите ДУИ свесно ги дозволиле. Второ, текстот на Законот за употреба на Албанскиот јазик е доставен до Венецијанската Комисија токму од Бујар Османи. Нема никаква дилема дека зад сценариото за бојкот на локалните избори се крие стравот на ДУИ од пораз, па затоа измислуваат алиби во лажните обвинувања за наводна деалбанизација која симптоматично, според нив се случува само затоа што тие не се дел од Владата. ДУИ се преценува во моќта било што да организира на терен. Прочитани се. Да имаа поддршка од Албанскиот народ одамна ќе излезеа со протести, впрочем како што претходно најавуваа, порачаа од коалицијата составена од три партии.

Апелираат до, како што велат, здраворазумното членство  на ДУИ да не влетува во егзибиционизмот на нивното корумпирано раководство.

-Без програмска и кадровска реформа, плус со бојкот и нереди на добар пат се цела партија да биде ставена на црна листа, кажаа од ВЛЕН.

Пред неколку дена, Ахмети од Чаир ја повика владината коалиција да се откаже од владините институции и да ги напушти. Ахмети, истовремено, уверил дека по ова нема да станат дел од владата, бидејќи според него е прифатливо само ДУИ да оди на предвремени парламентарни избори. Оттаму, Ахмети предложил предвремените избори да се одржат во октомври, заедно со локалните.

Тој потсетил и на подготвенителната седница на Уставниот суд за Законот за јазиците која треба да се случи овој месец.

„Ако се посегне по Законот за јазици, нема локални избори и не може да се постават гласачки кутии за да се одржат локални избори. Затоа, секој Албанец мора да стане господар на законот за јазици и да не го политизира, ниту да го проблематизира“, изјавил претседателот на ДУИ на партискиот собир.

И поранешниот министер за надворешни работи и потпретседател на ДУИ, Бујар Османи, истакна дека локалните избори закажани за октомври оваа година нема да се одржат доколку „продолжи ваквата политика кон Албанците“. Вели дека во сегашните услови не може да се одржат избори, бидејќи, како што вели, „Албанците се деградирани“, што може да предизвика сериозна политичка криза.

Слични содржини