Сообраќајна несреќа на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, сообраќајот во прекин

од Даниел Ѓорѓиевски
24 прегледи

Две патнички возила со скопски регистарски ознаки, од кои едното го управувал турски државјанин, утринава околу 9:53 часот се судрија на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка. Поради несреќата, сообраќајот на овој патен правец е во прекин, а возилата се пренасочуваат по магистралниот пат Куманово – Крива Паланка.

Според информации од Секторот за внатрешни работи Куманово, несреќата се случила помеѓу „Опел Зафира“ и „Мерцедес“, при што увидот на полицијата и јавниот обвинител сè уште трае.

„На 6 март 2025 година, во 9:53 часот, во Одделението за внатрешни работи Крива Паланка било пријавено дека на експресниот пат се случила сообраќајна несреќа. Сообраќајот на овој дел од патот е во прекин веќе неколку часа, а увидот е во тек“, изјави портпаролката на СВР Куманово, Ивана Младеновска.

Од полицијата информираат дека е известен и јавен обвинител, а повеќе детали ќе бидат соопштени по завршување на увидот.

Слични содржини