Манчестер Јунајтед со неочекувано достигнување во Европа

од Vladimir Zorba
35 прегледи

Во четвртокот вечерта, Манчестер Јунајтед ремизираше 1-1 со Реал Сосиедад во првиот натпревар од осминафиналето на Лига Европа. Досега на европските турнири оваа сезона „црвените ѓаволи“ забележаа 5 победи и 3 нерешени.

Излегува дека англискиот гигант е единствениот од 72-та учесници во Лигата на шампионите и Лигата на Европа кои не загубиле ниту еднаш оваа сезона.

Инаку, во Премиер лигата Манчестер Јунајтед игра исклучително лошо и се наоѓа на 14. позиција. Тимот на Рубен Аморим досега во оваа кампања има 9 победи и 12 порази.

Слични содржини