Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска на новинарско прашање за инфлацијата од 5% измерена во февруари, изјави дека владата активно презема мерки за справување со економските предизвици, но нагласи дека споредбата на економските податоци меѓу различни периоди не е целосно соодветна. Таа појасни дека до февруари минатата година важеле мерки од претходната влада, додека новите мерки стапиле на сила од 18 февруари оваа година.
,,Ние како влада преземавме мерки, меѓутоа, мора да ги појасниме бројките. До февруари минатата година важеа бројки од претходната влада, а оваа година почнувајќи од 18 февруари стапија на сила новите мерки и не се соодветни споредбите, но ние како влада работиме на стратегија да се избегнат вакви последици во иднина” изјави Димитриеска-Кочоска.
Кочовска потенцира дека покачувањето на цените не е резултат само на движењата во трговијата, туку и на поскапувањата на електричната енергија. Таа увери дека владата работи на долгорочна стратегија за стабилизација на пазарот, без потреба од директни владини интервенции.
Дополнително, министерката истакна дека Државниот пазарен инспекторат активно контролира, при што одредени компании кои не ги почитувале мерките биле казнети и привремено затворени. „Правиме сѐ што е во наша моќ граѓаните да купуваат производи по пониски цени“, заклучи Кочовска.