Трамп најави жестоки санкции против Русија по масовните воздушни напади во Украина

од Nikola Popovski
540 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека размислува за нови санкции и царини за Русија, по бранот напади врз Украина во текот на ноќта.

„Врз основа на фактот дека Русија во моментов апсолутно ја „победува“ Украина на бојното поле, силно размислувам за големи банкарски санкции, санкции и царини за Русија додека не се постигне прекин на огнот и конечно мирно решение. Русија и Украина, седнете на маса сега, пред да биде предоцна. Ви благодарам!!!“, сподели Трамп.

Руските трупи извршиле голем комбиниран напад врз Украина ноќта меѓу 6 и 7 март, при што украинската противвоздушна одбрана уништила 34 руски ракети и 100 беспилотни летала, додека 86 беспилотни летала исчезнале од радарите.

Во Саудиска Арабија се одржа рунда преговори меѓу Русија и САД. По конфликтот во Белата куќа, САД престанаа да испорачуваат оружје и разузнавачка помош за Украина. Трамп го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека не сака мир.

Во план е да се одржи средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп.