🎥Хаос во Букурешт поради романскиот десничар: Исфрлен фаворитот на изборите, илјадници луѓе на улица

од Nikola Popovski
110 прегледи

Романскиот екстремно десничарски популист Калин Гоергеску е исфрлен од учество на претседателските избори со одлука на Централната изборна комисија (БЕК), што предизвика судири меѓу неговите приврзаници и полицијата.

Минатата година, уставниот суд на Романија го поништи првиот круг од гласањето во ноември, во кој победи Георгеску, откако разузнавачките служби открија дека Русија е вмешана во 800 профили на ТикТок кои го поддржуваат, пишува „Јутарњи.хр“.

БЕК во неделата ја отфрли неговата нова кандидатура, наведувајќи дека таа „не ги исполнува условите на законитоста“ и дека „ја прекршил самата обврска да ја брани демократијата“.

Тој има 24 часа од пресудата во недела да поднесе формална жалба до највисокиот суд, кој се очекува да донесе одлука во рок од 72 часа. Во објава на социјалните мрежи, тој ја нарече забраната „директен удар за срцето на демократијата ширум светот“.

Полицијата употреби солзавец кон неговите приврзаници откако илјадници луѓе се собраа пред канцеларијата на БЕЦ во Букурешт и се судрија со полицијата.

Би-би-си објави дека најмалку еден автомобил бил превртен. Приведени се најмалку четири лица.

Додека повеќето демонстранти го напуштиле местото на настанот, неколку стотици останале и продолжиле да се судираат со полицијата за безредијата, која донесе засилување и се обиде да ја блокира областа.

На 26-ти февруари, Георгеску беше уапсен на пат да се регистрира како кандидат на повторените избори што ќе се одржат на 4-ти мај, поради што десетици илјади Романци излегоа на протестите на улиците на Букурешт.

Тој беше обвинет за обид за уривање на уставниот поредок и членство во неофашистичка организација. Ги отфрли сите обвинувања.

62-годишниот независен кандидат неочекувано победи во првиот круг од минатогодишните избори, чии резултати беа поништени само неколку дена пред вториот круг на гласање.

Еден од клучните елементи на неговата ненадејна популарност беше неговото ветување дека ќе го „врати достоинството на Романија“ и ќе стави крај на нејзината подреденост на меѓународните организации, вклучително и НАТО и ЕУ.

Пред да бидат поништени минатогодишните избори, прорускиот политичар изјави за Би-Би-Си дека доколку биде избран, ќе прекине секаква поддршка за Украина.

Георгеску доби и одредена поддршка од администрацијата на Трамп.

Минатиот месец, американскиот потпретседател Џеј Ди Венс ја обвини Романија за поништување на изборите врз основа на „слабите сомнежи“ на романските разузнавачки служби и под притисок на соседните земји.

Во меѓувреме, романскиот министер за надворешни работи Емил Хурезеану го обвини Илон Маск за мешање во романските избори, откако милијардерот објави неколку пораки со поддршка за Георгеску, а потоа сподели твит од профилот на „Radio Europa“.

„Изборната комисија ја отфрли кандидатурата на Калин Георгеску. Земјата е во хаос. Демократијата официјално е мртва во Романија и во Европската унија. Европа падна“, стоеше во неговиот твит.

Слични содржини