Трамп реши повторно да споделува разузнавачки информации со Украина

од Vladimir Zorba
16 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп ја прекина суспензијата на размената на разузнавачки информации со Украина и очекува добри резултати од претстојните разговори со украинските претставници во Саудиска Арабија.

„Само што ставивме крај на суспензијата на размената на разузнавачки информации со Украина“, им рече Трамп на новинарите во Ер Форс 1, пренесе Ројтерс.

Директорот на ЦИА Џон Ретклиф минатата среда изјави дека САД го прекинале споделувањето разузнавачки информации со Украина, пренесува Ројтерс, додавајќи дека тоа извршило притисок врз украинскиот претседател Володимир Зеленски да соработува со Трамп кога станува збор за мировните преговори со Русија.

Ројтерс оценува дека суспензијата би можела да и наштети на способноста на Украина да се брани од руски ракетни напади, особено со оглед на прекинот на воената помош на Вашингтон за Киев.

Кога станува збор за разговорите меѓу високи американски и украински претставници, најавени за вторник во Саудиска Арабија, Трамп рече дека е оптимист.

„Ќе постигнеме многу успех, верувам, веќе оваа недела“, рече Трамп.

Слични содржини