Бошков: Ја разбирам ниската минимална плата, но работодавачите не знаат што значи мерење на продуктивност

од Nikola Popovski
149 прегледи

Миле Бошков од Бизнис-конфедерацијата на Македонија, која дел од Економско-социјалниот совет денеска зборуваше за предлогот на ССМ за минимална плата од 500 евра со платени субвенции од Владата. Според Бошков, неопходни се разговори. За заострената реторика меѓу Владата и синдикатите вели дека не води кон решение.

-Имавме сличен предлог, но, откако неформално зборувавме со владини претставници востановивме дека не можеме да очекуваме поддршка за покачувањето на социјалните придонеси. Така да, го имаме законското решение на кое мораме да се потпираме. Со години наназад посакуваме за секој сектор и во секоја дејност, работниците ќе се организираат како би имале колективно преговарање. Ставот на Бизнис-конфередација е дека преку дијалог, имаме шанса да постигнеме многу повисоки плати, а не само минимална, рече Бошков.

-Од демократски и политички аспект, Владата ни соопшти дека нешто што ние го очекувавме со години – мораме конечно сами да се договориме со синдикатите. Дијалогот треба да биде заснован врз реални состојби. Ги знаеме таквите состојби, особено ги претставуваме микро, малите и самостојните извршители на дејност во кој знаеме дека низ целата територија на земјата, немаат исти услови за работа и немаат исти услови за приходи. Де факто не можат да ги подигнат платите бидејќи голем дел, повеќе од 20 илјади луѓе се самовработени и сами треба да си ја подигнат платата, а не знаат или не можат да направат поголем профит или промет за да го постигнат тоа ниво, додаде извршниот претседател на Бизнис конфедерацијата на Македонија.

Бошков вели дека ја разбира поентата на ниската минимална плата од 24.400 денари. Сепак посочува дека од искуство, повеќе од 25 години како претставник на дел од работодавачите, точно знае дека во Македонија, со чест на исклучови, работодавачите не знаат што значи мерење на продуктивност. Немаат системско организирање, ниту знаат како да ги организираат условите за продуктивност.

-За нас работникот е најважно да биде претставуван и организиран за да си ја договори сумата во својата дејност, кажа Бошков.

Слични содржини